Екипата на Челзи новата сезона од Премиер лигата ја почна со триумф (3:1) на гостувањето против повратникот во Премиер лигата Барнли.
Домашните поведоа во 14. минута преку Арфилд, но само три минути подоцна засилувањето на „сините“ Диего Коста изедначи на 1:1.
Во 21. минута Челзи поведе со 2:1 откако одличната акција со гол ја заврши Шурле, додека конечните 3:1 ги постави Ивановиќ.
Во вториот дел двете екипи немаа посериозни шанси за промена на резултатот.