Челзи се согласил за Вернер да плати 60 милиони евра

Од:

Напаѓачот на Лајпциг Тимо Вернер ќе ја продолжи кариерата во Челзи, објави новинарот Николо Скира.

„Сините“ од Лондон ќе платат 60 милиони евра за 24-годишен играч.

Договорена е соработка со Германецот до 2025 година со годишна плата од 10 милиони евра плус бонуси.

Петнаесет проценти од износот на трансферот ќе добие Штутгарт, од каде Вернер во 2016 година замина за Лајпциг.

Во моментот, двете страни ги привршуваат формалностите за потпишување на договорот.

„Би-Би-Си“ и „Скај Спорт“ исто така потврдуваат дека договорот на Челзи со играч веќе е постигнат.

Вернер оваа сезона има одиграно 29 натпревари во Бундеслигата, постигнато 25 голови и остварено седум 7 асистенции.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ