Челзи подготвен да се раздели со Алонсо

Од:

Челзи е подготвен да се раздели со левиот бек Маркос Алонсо. Од тимот се надеваат дека ќе добија конкретни понуди за него за време на летниот преоден рок, пишува „Калчомеркато“. Шпанецот не влегува во сметките на Френк Лампард, кој е подготвен да се раздели со него.

Најсериозен интерес за Алонсо има од Интер. „Нероазурите“ беа заинтересирани за него уште во јануари, но тогаш не беше постигнат договор. Се верува дека главната причина за тоа е високата цена што ја постави Челзи. Тимот од Лондон сакаат 30 милиони евра за 29-годишниот играч.

Затоа Антонио Конте ги засили своите редови со ветеранот Ешли Јанг од Манчестер Јунајтед за многу поскромна сума од 1,5 милиони евра, што не е долгорочна инвестиција, со оглед дека во јули ќе наполни 35 години.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска