Челзи планира да заработи 30 милиони фунти од продажба на Емерсон и Мозес

Од:

Премиерлигашот Челзи очекува да го продаде дефанзивецот Емерсон и играчот од средниот ред Виктор Мозес, кој игра за Интер на позајмица.

Според британските медиуми, лондонскиот клуб очекува да заработи 30 милиони фунти од продажбата на овие играчи. Се најавува дека Челзи има намера да ја инвестира оваа сума во набавка на нов лев бек.

Виктор Мозес настапи на седум натпревари за Интер во сезоната 2019/20, на своето конто има една асистенција.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на 29-годишниот Нигериец на 7,65 милиони фунти.

Емерсон (25) има една асистенција на 18 натпревари за Челзи во сезоната 2019/20. Неговата вредност на фудбалскиот пазар е проценета на 27 милиони фунти.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска