Екипата на Челзи доживеа неочекуван пораз на домашен терен од последнопласираниот Сандерленд, со 2:1 и со тоа ги намали шансите за освојување на титулата. „Сините“ поведоа во 12 минута преку Ето, а на 1:1 изедначи шест минути подоцна Конор Викам. Победата за Сандерленд по соминтелниот пенал ја донесе во 82.минута Фабио Борини.
Ова беше воедно прв пораз за Челзи под водство на Мурињо на домашен терен во рамките на Премиер лигата – 78.натпревар.
На другите натпревари денеска беа постигнати следниве резултати: Тотенхем – Фулам 3:1, Астон Вила – Саутемптон 0:0, Кардиф – Стоук 1:1, Њукасл – Свонси 1:2, Вест Хем – Кристал Палас 0:1.
Утре се играат натпреварите: Норвич – Ливерпул, Хал – Арсенал и Евертон – Манчестер Јунајтед.
Последниот натпревар од 35.коло се игра во понеделник меѓу Манчестер Сити и ВБА.
Табела: Ливерпул 77 бодови, Челзи 75, Манчестер Сити 71, Арсенал 67, Евертон 66, Тотенхем 63, Манчестер Јунјтед 57,…