Челзи и Сити со најмногу фудбалери на ЕУРО2020, Македонија со 23-ца „странци“ и тројца „домашни“

Од:

Од вкупно 26 фудбалери во македонскиот систав за ЕУРО2020, 23-ца настапуваат во европски лиги, а само тројца во домашното првенство.

„Честа“ на македонскиот прволигашки фудбал на ЕУРО2020 ќе ја бранат голманот на Работнички, Ристе Јанков, дефанзивецот на шампионот Шкендија, Егзон Бејтулаи и напаѓачот на Академија Пандев, Марјан Радески.

Од македонските „странци“, најмногу – по тројца – настапуваат во Шпанија (Столе Димитриевски, Енис Барди и Александар Трајковски), Кипар (Стефан Спировски, Иван Тричковски, Дамјан Шишковски), Хрватска (Аријан Адеми, Стефан Ристовски, Дарко Велковски) и Италија (Горан Пандев, Бобан Николов и Елиф Елмас).

По двајца настапуваат во Словачка (Тихомир Костадинов, Милан Ристовски) и Унгарија (Кире Ристевски, Висар Муслиу), а во македонската репрезентација по еден играч доаѓа од Англија (Езѓан Алиоски), Белгија (Ѓоко Зајков), Германија (Дарко Чурлинов), Албанија (Феран Хасани), Турција (Даниел Аврамовски), Франција (Влатко Стојановски) и Босна и Херцеговина (Крсте Велкоски).

На ЕУРО2020 се пријавени вкупно 624 фудбалери, кои настапуваат во 32 држави и 208 екипи. Најмногу од нив, дури 152, настапуваат во англиските лиги.

Во клупски рамки, најмногу свои фудбалери на ЕУРО2020 имаат европскиот првак Челзи и англискиот првак Манчестер сити, по 15.

Би можело да ве интересира

Реми во Глазгов против Чешка, Хрватите сега мораат да ја победат Шкотска

Жарко Настоски

Македонските фудбалери го одржаа првиот тренинг во Амстердам

Жарко Настоски

Ериксен излезе од болница, една недела откако „го остави срцето“ на теренот

Жарко Настоски

Финалето на Европското првенство дефинитивно ќе се игра во Лондон, децидна е УЕФА

Жарко Настоски

Саутгејт го разбира значењето на мечот со Шкотска

Ана Ололовска

Финалето на ЕВРО 2020 може да се премести од Лондон во Будимпешта

Ана Ололовска