Челзи го врза перспективниот Томори за пет години

Од:

Фикајо Томи ја врза својата иднина со Челзи во следните пет години. Одбранбениот играч, кој ќе наполни 22 години следната недела, има 55 натпревари под Френк Лампард, откако играше под наем и во Дерби Каунти.

Оваа сезона, англискиот дефанзивец забележа 16 настапи за „сините“, а го направи своето деби и во Лигата на шампионите, како и за репрезентацијата на Англија.

За потпишувањето до летото 2024 година, Томори рече: „Секако, ова е многу горд момент за мене и моето семејство. Јас сум во овој клуб уште од седум години, па знам колку ми значи Челзи. За мене клубот е уникатен и се развива многу добро. Мојот сон да потпишам долг договор се оствари. Јас сум многу среќен и сакам да ги покажам моите квалитети за Челзи“.

Директорката на клубот, Марина Гранковскаја изрази задоволство дека уште еден млад играч, кој доаѓа од академијата, потпишува со „сините“.

– Фикајо е со нас долго време и донел многу успех на Челзи кај младинците, вели Русинката.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска