Челзи го подготвува својот прв предлог за Хаверц – 70 милиони евра плус бонуси

Од:

Челзи ја подготвува првата понуда за трансфер за играчот од средниот ред на Баер, Каи Хаверц. Според новинарот Николо Скира, лондонскиот клуб е подготвен да му плати на Баер 70 милиони евра плус бонуси.

За да добие средства за оваа зделка, Челзи планира да го продаде дефанзивецот Емерсон, како и играчите од средниот ред Бакајоко и Жоржињо, кого Френк Лампард не ги гледа во тимот.

Забележано е дека Жоржињо би сакал да се врати во Италија и повторно да се соедини со Маурицио Сари во Јувентус. Исто така претходно беше објавено дека тренерот на Интер, Антонио Конте е заинтересиран за стекнување на Емерсон.

Оваа сезона Хаверц одигра 30 натпревари за Баер во Бундес-лигата, постигна 12 голови и направи шест асистенции.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска