Челси го победи тимот на Мурињо

Од:

Челси со победата од 2:0 на гостувањето кај Тотенхем, стана најуспешниот клуб во историјата на лондонските дербија, и сега има 129 победи против лондонските тимови, надминувајќи го Арсенал кој има 128.

Жозе Мурињо имаше 12 победи и едно реми во претходните 13 меча на кои неговите тимови беа во улога на домаќини, но овојпат португалскиот стручњак мораше да му честита на својот некогашен клуб. Тренер на „сините“ е Френк Лампард кој беше играч во Челси во времето кога Мурињо седеше на клупата.

Бразилецот Вилиан беше двоен стрелец и најзаслужен за победата на Челси. Тој вторпат во кариерата даде два гола на еден меч. Во второто полувреме, средбата беше прекината чоради расистичко однесување на дел од публиката која го навредувапе Рудигер од Челси.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска