C-Aircross ја претставува визијата на спортски теренец на Ситроен

Од:

Ситроен го претставува C-Aircross концептно возило во бои со силен карактер кои ја одразуваат својата визија на компактниот SUV. Со својот оригинален дизајн и патничкиот простор кој се концентрира на удобноста, концептот ја покажува способноста на Ситроен за истапување од масата без оглед на автомобилскиот сегмент.

Со овој облик на каросеријата, кој е насочен на меѓународните пазари, Ситроен најавува своја офанзива на сегментот на спортските теренски возила во Европа. Неговата единствена способност е поврзана со духот на новиот модел C3 кој на пазарот се појави кон крајот на 2016 година.

Тимовите за стилско обликување кај Ситроен, преку возилото C-Aircross успешно ги поврзаа тековните линии со атрибутите на SUV и тоа на компактна каросерија (должина: 4,15 метри, ширина: 1,47 метри, висина: 1,63 метри). Концептот C-Aircross се гради на препознатливите производни и стилски потези на новиот C3, затоа кај него се изменуваат глатките површини и графичките контрасти со нагласоци во бои.

За елеганцијата на целата каросерија придонесува нијансата на сина боја која е во контраст со бојата Corail Fluo за нагласоци во боја, со кои е изразена забавната страна на ова концептно возило за слободно време. Меѓу портокалово обоените елементи, меѓу другото се наоѓаат ивиците на фаровите, средишните поклопци на тркалата, страничните заштитни даскички и кровните багажни носачи со LED диоди на краевите.

Во согласност со целокупниот изглед на марката и стилистичките насоки на дизајнот на надворешноста на новиот C3, концептот C-Aircross има заоблен преден дел кој пружа чувство на безбедност и во две нивоа распоредени препознатливи светла.

Големата количина на застаклените површини и големата кабина го потенцира единствениот карактер на овој концепт и укажува на простран и осветлен патнички простор.

Сите површини се промислено дизајнирани земајќи ги предвид воздушните текови кои настануваат покрај нив. За уште подобра ефективност, овој концепт е опремен и со управувачки влезни отвори за воздух во предниот одбојник, отвори за воздух во страничните браници на долниот дел на вратите наречен „air breather” и заден дифузер за дополнително подобрување на аеродинамичноста.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска