Сим Булар е првиот кошаркар од Индија кој ќе настапува во најсилната светска лига – НБА. Тој потпиша за Сакраменто Кингс, а условите за неговиот трансфер не се објавени.
Булар е роден во Торонто, Канада. Претходните две години играше за Њу Мексико Стејт со просек од 10,2 поени, 7,2 скокови и 3 блокади по натпревар.
Во новиот клуб не доаѓа преку драфтот, туку по добрите игри за време на кампот организиран од Сакраменто Кингс.