Бугати Широн ќе развива повеќе од 450 километри на час

Од:

Наследникот на Бугати Вејрон, своевремено најбрзиот автомобил, моделот Широн се претпоставува дека ќе развива повеќе од 450 километри на час.

Тоа може да се заклучи од најавата за Д Гранд Тур, новото шоу на Џереми Кларксон, Џејмс Меј и Ричард Хамонд, поранешните водители на Топ Гиар.

Во најавата стои дека Широн со неговите 1.500 коњски сили од 0 до 100 километри на час стигнува за 2,5 секунди, а неговата максимална брзина, која што треба да биде откриена наскоро е над 450 километри на час.

Моќниот W16 квадтурбо мотор го празни резервоарот на новиот Бугати Широн за само 9 минути при максимална брзина.

Бугати заедно со Мишел развиле специјални гуми за овој автомобил кои можат да го издржат притисокот од големата брзина.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска