Буфон размислува да ја заврши кариерата во странски клуб

Од:

Легендарниот голманот во редовите на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, размислува за уште еден ангажман во странство пред да ја заврши кариерата, која, со исклучок на една сезона, во целост ја мина во Серија А.

Како што пишува весникот „Газето дело Спорт“, 43-годишниот Буфон се уште не размислува да се пензионира од фудбалот и сака уште еднаш да се испроба во странски клуб, а одлуката за тоа ќе ја донесе на крајот од сезоната.

Буфон оваа сезона бранеше на пет натпревари во Серија А, како и на четири меча во националниот куп и се очекува да биде меѓу стативите во финалето против Аталанта во мај.

Од своето деби во 1995 година, Буфон целата своја кариера ја мина во Италија, бранејќи за екипите на Парма и Јувентус, со исклучок на сезоната 2018/19 кога го носеше дресот на актуелниот француски првак Пари Сен-Жермен (ПСЖ).

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ