На 26.јуни во Бруклин ќе се одржи годинашниов драфт за тимовите од НБА лигата. Право да избира прв повторно доби тимот на Кливленд.
Оваа екипа некако ја има„среќата“ во изборот бидејќи ова се случува втора сезона поред или третпат во последните четири години Кливленд да избира како прв. Во претходните три наврати Кливленд ги одбра: Леброн Џејмс, Кајри Ирвинг и Ентони Бенет.
Бројот 2 и припадна на екипата на Милвоки, додека „тројката“ е за Филаделфија. Понатаму на листата следуваат: Орландо, Јута, Бостон, Лос Анџелес Лејкерс,…