Брестовац: Среќни сме, игравме како вистински тим

Од:

Тренерот на Металург, Данило Брестовац е презадоволен од денешниот триумф над Стеауа на гостувањето во Букурешт во дуел од СЕХА лигата.

– Многу сме среќни за оваа победа бидејќи победивме со играње како тим. Честитки до тимот на Стеауа за фер и коректниот пристап на средбата.

Со сличен став е и Милан Лазаревски

– Честитки до тимот на Стеауа. Тие одиграа многу добро, бараа решенија во целиот натпревар. Ние останавме фокусирани низ целиот тек на натпреварот и продолживме да се бориме и кога губевме. Така успеавме да ја добиеме победата, вели Лазаревски.

Металург победи со 28:26, иако на 12 минути пред крајот романскиот тим имаше водство со 21:16.

Би можело да ве интересира

Озтурк нов ракометар на Металург

А1он

Французинот Мане нов ракометар на Металург

Ана Ололовска

Металург поразен од Чеховски Медведи во Лига Европа

Ана Ололовска

Металург се раздели со двајца странски ракометари

Ана Ололовска

Во драматичен меч, Металург одигра нерешено против Фајверс

Жарко Настоски

Одложени дуелите на Металург со Чеховски Медведи поради коронавирус