Брестовац: Прешов е екипа со која можеме да се надигруваме

Од:

Тренерот на Металург Данило Брестовац на денешниот прес пред неделната средба со екипата на Татран Прешов во рамките на третото коло на Лигата на шампионите, изјави дека Словаците се екипа, со која може да се надигруваат.

– Татран не е екипа од самиот врв на европскиот ракомет и затоа сметам дека против нејзе можеме да играме. Можеме да им парираме во 5-1 одбраната, за да не им дозволиме шутеви од далечина, од каде се исклучително силни. Нам ни недостигаат лесни голови. Тие ги имавме во првото полувреме против Бешикташ, но имавме и многу падови во нападот, изјави тренерот.

Брестовац изјави дека најголемиот проблем во тимот го гледа во ротацијата и дека со уште двајца квалитетни ракометари, металурзите нема да ги имаат проблемите кои досега беа видливи.

– Нашиот најголем проблем е што нашите млади ракометари тешко излегуваат од криза, кога доаѓаме во ситуација да бидеме во резултатска негатива. Дури и кога ќе почнеме да излегуваме, одново почнуваме да тонеме. Проблемот го наоѓам во ротацијата. Кога би имаме уште двајца квалитетни играчи, тогаш би немале такви проблеми. Да бидам искрен без барем едно засилување ќе ни биде тешко. Ни треба ракометар кој ќе игра во двата правци за да дојдеме до тимот кој го посакуваме и кој тим би одиграл и квалитетна 6-0 одбрана, додаде Брестовац.

Мечот против татран е во недела, 30 септември од 17 часот во СЦ „Јане Сандански“, а по првите два натпревари Металург има два порази во ЛШ.

Би можело да ве интересира

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Ана Ололовска