Брентфорд ќе го доведе данското фудбалско чудо

Од:

Микел Дамсгард е на пат за англискиот премиерлигаш Брентфорд откако Сампдорија ја прифати понудата вредна 15.000.000 евра. Данскиот репрезентативец на почетокот на следната недела, по завршувањето на лекарските прегледи, и официјално треба да потпише договор со премиерлигашот.

Дамсгард кариерата ја започна во данскиот Нордсјеланд, а од 2020 година е член на Сампдорија. Во дресот на италијанскиот клуб во две сезони забележа 49 настапи и постигна два гола.

22-годишниот крилен напаѓач е дански репрезентативец од 2020 година.

Тој остави голем белег на минатогодишното Европско првенство. Постигна гол во победата над Русија (4:1), со што стана најмладиот стрелец на својата земја во историјата на европските првенства со 20 години и 353 дена.

Погоди и во полуфиналето од слободен удар во поразот од Англија (2:1).

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ