Бразилскиот претседател го замоли кинескиот да навива за Фламенго

Од:

Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, му подари дрес од фудбалскиот клуб Фламенго на неговиот кинески колега Си Џинпинг, и побара од него да ги убеди сите 1,3 милијарди Кинези дека треба да навиваат за клубот од Рио де Жанеиро.

„Сите Бразилци навиваат за Фламенго, а сигурен сум дека на крајот на следниот месец, и 1,3 милијарди Кинези ќе навиваат за Фламенго во финалето на Копа Либертадорес. Ова е дрес на најдобриот бразилски тим во моментов“, порача Болсонаро, кој во минатото изјавуваше дека е фан на Палмеирас, клубот од неговиот роден град Сао Паоло.

Во финалето на Копа Либертадорес, Фламенго ќе игра против Ривер плејт од Аргентина. Победникот оди на Светско клупско првенство, каде би требало да се сретне во финалето против европскиот првак Ливерпул.

Би можело да ве интересира

Хрватскиот стручњак Бранко Иванковиќ стана нов селектор на кинеските фудбалери

Тите заминува и не може да се помири: Шутнаа само еднаш

ВИДЕО: Бразил е во осминафинале, со триумфот над Швајцарија одигра и за Србија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Србија потклекна пред Бразил

Кинеските фудбалери добија забрана за тетовирање

А1он

Атлетико Минеиро бразилски шампион по пауза од 50 години

Ана Ололовска