Одбранбениот играч на колумбиската репрезентација Камило Зунига добивал закани по неговиот живот од бразилските навивачи поради грубиот старт над Нејмар.
Бразил во вторник ќе игра во полуфиналето против Германија без најдобриот фудбалер Нејмар кој беше тешко повреден од Зунига во четвртфиналето.
Бразилците масовно ги кинат и „Панини“ сликичките со ликот на Зунига.
28-годиѓниот Колумбиец кој ја онеспособи ѕвездата на „кариоките“ во моментов е најомразената личност во земјата домаќин на Мундијалот.