Бразил со „петарда“ против Боливија тргна на пат кон Мундијалот

Од:

Бразилските фудбалери на маестрален начин ги започнаа квалификациите за Светското првенство во Катар, победувајќи како домаќини убедливо против Боливија од 5:0.

Квалификациите за Светското првенство што треба да се игра во 2022 година веќе се играат во Јужна Америка, а сето тоа е последица на хаосот предизвикан од пандемијата на коронавирус.

Се навести дека Бразилците ќе остварат убедлив триумф во 16-тата минута кога стоперот на Пари Сен Жермен, Маркињос ја затресе мрежата на Лампе.

Не требаше многу за нов погодок, предноста ја удвои маестро Роберто Фирмино во 30. минута.

Танцуваше на теренот „селесао“, предводен од Нејмар, кој му асистираше на Фирмино во 49-тата минута. Боливија немаше што да бара против далеку посилниот ривал, па Караско ненамерно го совлада сопствениот голман, додека повратникот во Барселона, Филипе Кутињо, се погрижи за „петардата“ во 73-та минута.

Би можело да ве интересира

Тите заминува и не може да се помири: Шутнаа само еднаш

ВИДЕО: Бразил е во осминафинале, со триумфот над Швајцарија одигра и за Србија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Србија потклекна пред Бразил

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Атлетико Минеиро бразилски шампион по пауза од 50 години

Ана Ололовска