Братот на Снајдер потврди за желбата на екс-играчот на холандската репрезентација да ја продолжи кариерата

Од:

Џефри Снајдер, братот на поранешниот фудбалер од средниот ред на холандската репрезентација Весли Снајдер, зборуваше за желбата на неговиот брат да се врати во фудбалот.

Неодамна имаше информации дека Утрехт му предложил на играчот да ја продолжи кариерата.

– Весли сака да ослабе и да биде на работа. Тој рече дека кај него можеби се вратила желбата за повторно да игра фудбал. Брат ми сака да го доживее чувството – како е да се биде на теренот по некое време без фудбал. Тоа кај него би предизвикало задоволство, изјави Џефри Снајдер.

За потсетување, на почетокот на овој месец, кариерата ја возобнови екс-напаѓачот на холандската репрезентација Арјен Робен.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ