Брандт e новото засилување на Борусија

Од:

Репрезентативецот на Германија Јулиан Брандт потпиша договор со Борусија Дортмунд.

Спортскиот директот на Борусија, Микаел Зорц, упати пофални зборови за 23-годишниот Брандт, за кого рече дека е голем професионалец и со голем развоен потенцијај, кој може да се користи на многу позиции во нападот.

„Јулиан Брандт игра долго време во Бундес лигата и во репрезентацијата. Има големо искуство. На 23-годишна возраст, тој е многу голем професионалец со потенцијал за натамошен развој“, изјави Зорц.

Договорот на сега веќе поранешниот фудбалерот на Бајер Леверкузен, каде одиграл 165 натпревари и постигнал 34 голови, ќе трае до 30 јуни 2024 година.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска