Ботас пред Хамилтон во силна битка за пол-позицијата на „Шангај“

Од:

Валтери Ботас ги освои квалификациите за Големата награда на Кина во битка со неговиот колега Луис Хамилтон на патеката „Шангај“. Финецот беше фокусиран во текот на целите квалификации, додека четирикратниот светски шампион успеа притисне едвај на крајот. Тие беа одделени со само 0.023 секунди.

Во вториот ред со три десетинки зад нив останаа Ферари, откако Фетел беше побрз од Леклер со само 0.017 секунди. Третиот ред е окупиран од Ред бул, откако Гласли заостана осум десетинки од Верстапен. Макс се жалеше на радио за проблеми со сообраќајот за време на последниот обид.

Најбрзи во средината беа Рено, каде што Рикардо успеа да го надмине Хулкенберг со деведесет и четири илјадити делови од секундата. Топ 10 ги оформија двата автомобили на Хас, кои во третиот дел дури и не запишаа времиња, за да ги сочуваат гумите и техниката.

Со оглед на не толку големите разлики и тешката патека, трката се чини дека ќе биде сосема неизвесна. ГП за Кина почнува утре, 14 април во 08:10 часот по македонско време.

Би можело да ве интересира

Во Формула 1 може да се заменат квалификациите со куси трки

Ана Ололовска

Гран при на Холандија нема да се одржи во 2020 година

Ана Ололовска

Ботас преговара со Рено?

Ана Ололовска

Мерцедес планира да го замени Ботас со Расел во 2021 година

Ана Ололовска

Во Германија, подготвени да го организираат Гран-прито наместо Силверстон

Ана Ололовска

Формула 1 ги објави огромните загуби за време на пандемијата

А1он