Борусија Дортмунд киксираше, па сега и Волфсбург му се заканува на Баерн

Од:

Откако Борусија Дортмунд синоќа загуби кај Хофенхајм со 1:2, иако водеше до 79-та минута на тој меч од фудбалското првенство на Германија, денеска Баерн Минхен дома против Волфсбург ќе сака да победи и да го искористи тој кикс на „милионерите“ за да им побегне три бода.

Баварците се во потера на Лајпциг и Борусија Менхенгладбах кои имаат предност од четири бода на бундеслигашката табела во однос на Баерн, но од Волфсбург најавуваат дека на актуелниот првак нема да му биде лесно.

Тренерот на Волфсбург, Оливер Гласнер најавува дека тимот е во добра форма и не се плаши од Баерн, па и против првакот ќе одат на победа, иако традицијата не најавува такво нешто. Волфсбург никогаш не победил во Минхен и тоа ќе им послужи како мотивација плус.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска