Боксерот од Кичево, Беќир Лимани продолжува со тренинзите

Од:

Со дозвола на надлежните органи да започнат индивидуални спортски тренинзи, се разбира со однапред исполнети услови, државниот првак за кадети во бокс, Беќир Лимани од Кичево е меѓу првите спортисти во оваа општина кој по подолго време поради коронавирусот, продолжи со зголемен интензитет со индивидуалните тренинзи.

Неговата цел е да биде што е можно поподготвен за одбрана на титулата освоената минатата година на државното првенство за кадети што се одржа во Скопје, при што во финалето ја освој титулата државен шампион во боксот за кадети во категорија до 57 килограми.

– Тренинзите ги одржувам според однапред работена програма од страна на моите тренери од Б.К.”Шкендија но Лимит” од Тетово чии член сум, вели младиот боксер Лимани , кој додаде дека врз основа на таа програма ќе продолжи да работам и во наредните денови, самостојно во родното Кичево.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО:Телевизиски водител за прв пат влезе во рингот против професионалец, не издржа ни една минута

Предраг Петровиќ

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Шампионот на Европа по тепачката вади пиштол и пука по луѓе

Предраг Петровиќ

Поранешниот олимпиец ја убил девојката и ја фрлил од надвозник, и вбризгал седатив за коњи

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Олександр Усик ја одбрани светската титула во тешка категорија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Боксот има нов „крал“: Крафорд испиша историја

Интензивно соочување Усик-Џошуа пред саботната пресметка