Бобан Николов може да игра во Серија А, на чекор е до трансфер во Салернитана

Од:

Повратникот во италијанската Серија А, екипата на Салернитана, е заинтересирана да го засили средниот ред со македонскиот репрезентативец Бобан Николов, јавија вечерва италијанските медиуми.

Салернитана, како што објави „Тутомеркатовеб“ може без обесштетување да го доведе во своите редови 27-годипниот Николов, откако на македонскиот фудбалски репрезентативец во јуни му истече договорот со италијанскиот второлигаш Лече.

Николов во 2017 година премина од Вардар во унгарскиот прволигаш МОЛ Види, од каде во јануари годинава направи трансфер во Лече потпишувајќи шестмесечен договор со екипата која не успеа минатата сезона да избори пласман во Серија А.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Фудбалер на Рома доживеа срцев удар, прекинат натпреварот со Удинезе

Катерина Ѓуровски

Пеколните температури би можеле да го одложат почетокот на сезоната во Серија А

Италијаската федерација сè уште не планира да го одложи натпреварот од Суперкупот меѓу Интер и Јувентус

Катерина Ѓуровски

Речиси стопроцентна вакцинираност во италијанската Серија А

А1он

Претседателот на Серија А: Политичарите во Италија го мразат фудбалот, тоа е очигледно

А1он

Николов: Се надевам дека добрата игра сега ќе ја крунисаме со победа

А1он