Боатенг за Алаба кој го бакна амблемот на Реал: Не правете врева, секој знае колку му значи Баерн на Давид

Од:

Дефанзивецот на Лион, Жером Боатенг, се заложи за Давид Алаба, кој го бакна амблемот на Реал Мадрид на промоцијата по трансферот од Баерн Минхен каде помина 13 години.

– Секој знае колку значи Баерн за Давид. Она што го направил или било поради одредени околности, или фотографот го замолил да го стори тоа. Сигурен сум дека Алаба немаше лоши намери. Нема потреба да се крева врева околу ова, изјави Боатенг.

Лион е мојот нов клуб и никогаш нема да ги заборавам 10-те години поминати во Баерн. За мене, се започнува одново, но нема потреба од претерување. Се надевам дека ќе успеам во Лион и ќе бидам успешен со клубот, додаде Боатенг.

Во својата кариера, Боатенг има играни и за Херта, Хамбургер и Манчестер сити.

Би можело да ве интересира

Барселона одреди милијарда евра за откупната клаузула во новиот договор на Педри

Ана Ололовска

Агентот на Јовиќ работи на заминување на играчот од Реал, Интер може да го изнајми во зима

Ана Ололовска

Депај: Никогаш нема да зажалам што се приклучив на Барселона

Ана Ололовска

Манчестер сити ги помина Реал и Барселона во листата на најскапи клубови

Ана Ололовска

Лапорта: Куман останува тренер на Барселона

Ана Ололовска

Суарез пред дербито против Барселона: Нема да се радувам ако постигнам гол

Ана Ололовска