Боатенг: Можам да кажам дека ќе останам во Баерн, тренерот Флик ми верува

Од:

Дефанзивецот на Баерн, Џером Боатенг соопшти дека и во иднина се гледа како дел од баварскиот клуб.

– Размислував за мојата иднина уште пред назначувањето на тренерот Флик. Сега се чувствувам добро и можам да замислам дека ќе останам. Јас сум целосно фокусиран на Баерн и оваа сезона. Ми требаше доверба од тренерот и персоналот. Сега тоа го имам. Дури и пред назначувањето на Флик, тренирав добро и напорно, но не ми беше дозволено да играм, поради што не можев да влезам во ритам. Флик уште од самиот почеток ми рече дека јас сум дел од неговите планови. Сега повторно уживам во фудбалот, изјави Боатенг во интервјуто за „Велт ам Сонтаг“.

Триесет и едногодишниот Боатенг од 2011 година е во Баерн. Претходно има настапувано за Манчестер сити, Хамбургер и Херта.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Матијс Тел влезе во историјата, а Штутгарт освои бод против Баерн

Левандовски одлучил да го напушти Баерн

А1он

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска