Блатер: Можеби е грешка доделувањето на СП на Бразил

Од:

Првиот човек на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) изјави во Виена дека доделувањето на организацијата на Мундијалот 2014 на Бразил можеби е погрешен потег.

Оваа изјава на претседателот на ФИФА е реакција на демонстрациите на стотици илјади Бразилци против трошоците за СП, кои се случија за време на Купот на конфедерации во оваа земја.

– Во случај да се повторат протестите мораме да се запрашаме дали сме донеле правилна одлука околу изборот на домаќин на следниот шампионат. Упативме јасна порака до политичкиот врв на Бразил дека за време на СП не смее да се случуваат вакви работи, рече Блатер.

Тој нагласи дека демонстрациите треба да бидат аларм за власта и дека првите луѓе на државата треба нешто да превземат.

– Целата одговорност околу протестите е кај политичарите. ФИФА со ништо не допринесе тие да се случат и не може да биде одговорна за таквите дејства, посочи претседателот на ФИФА.

За време на одржувањето на Купот на конфедерации во Бразил годинава низ улиците на таа земја се случија масовни протести. Демонстрантите изразија незадоволство од трошењето на преку 15 милијарди евра за организацијата на Светското првенство и побараа средствата да се пренаменат во образованите, здравството, домувањето.

Би можело да ве интересира

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

ФИФА ја отфрли жалбата на Марк Овермарс за суспензија од една година

Саудиска Арабија е домаќинот на Светското првенство во 2034 година

ФИФА отвори истрага против претседателот на шпанската ФА поради сексуалниот скандал на Светското првенство за жени

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

ФК Работнички на 29.Генерално собрание на ЕКА: Потпишан Меморандум за соработка со ФИФА