Блатер ги обвинува Саркози и Платини дека придонеле Катар да го добие СП 2022

Од:

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, повторно тврди дека доделувањето на организацијата на Светското првенство 2022 на Катар е резултат на интервенцијата на Никола Саркози и Мишел Платини, пренесува дописникот на МИА.

– Не го разбирам ова повторно отворање на случајот за наводна корупција, кој, со објавувањето на извештајот Гарсија, беше затворен, реагираше Блатер.

Ова се случува ден по објавувањето на информации дека постои наводен таен договор меѓу ФИФА и телевизискиот канал „Ал Џезира“.

– Во секој случај изборот на Катар за СП во 2022 година беше направено по политичка интервенција на претседателот на Франција во тоа време, Никола Саркози, барајќи Мишел Платини, со своите блиски, да гласа за Катар, објасни Блатер.

Швајцарецот беше суспендиран од ФИФА поради нередовни исплати на Мишел Платини.

– Овие четири гласови придонесоа за Катар да излезе пред САД. И оваа ситуација ги предизвика нападите на губитниците против ФИФА и мојата личност: Англија загуби против Русија во 2018 година додека САД, изгуби од Катар, додаде Блатер.

Истиот ден, на 2 декември 2010 година, Светското првенство во фудбал 2018 му беше доделено на Русија (Англија беше елиминирана во 1 круг) и на општо изненадување, Светското првенство за 2022 на Катар, кој излезе победник пред САД.

Би можело да ве интересира

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

ФИФА ја отфрли жалбата на Марк Овермарс за суспензија од една година

Саудиска Арабија е домаќинот на Светското првенство во 2034 година

ФИФА отвори истрага против претседателот на шпанската ФА поради сексуалниот скандал на Светското првенство за жени

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

ФК Работнички на 29.Генерално собрание на ЕКА: Потпишан Меморандум за соработка со ФИФА