Бјелица по поразот: Се извинувам на моите сограѓани и на татковината

Од:

Србија загуби од Аргентина со 87-97 и беше елиминирана во четвртфиналето на Светското првенство во кошарка во Кина.

Момчињата на Саша Ѓорѓевиќ беа надиграни на теренот, а на прес-конференцијата по мечот зборуваше Немања Бјелица, кој смета дека има голема вина за поразот.

– Тешко поднесуваме пораз. Сакам да им се извинам на моите сограѓани и на мојата татковина. На хартија можеби и сме подобар тим од Аргентина, но тие сакаа да победат повеќе од нас на денешниот натпревар. Јас сум еден од лидерите на тимот, но играв лошо и преземам голема вина за поразот. Тие ја заслужија својата победа. Не изгубивме, затоа што пристапивме арогантно, туку едноставно не бевме ментално подготвени за овој натпревар. Овој пораз е крајно тежок. Вложивме многу труд во текот на летото, но кошарката е таква, изјави Бјелица.в

Би можело да ве интересира

Мундобаскет 2023 година ќе се одржи од 25 август до 10 септември

Ана Ололовска

Милан Гуровиќ осуден на 10 месеци куќен притвор

Веста за смртта на Паласио била лажна, тој е здрав и жив

Загина кошаркар кој играше за Партизан и во НБА лигата

Официјално: Кокошков ќе ја води Србија кон Токио

Кузмиќ објасни зошто носи дрес со бројот нула