Без Роналдо можеме, но без Меси не – вели првиот човек на шпанската Примера

Од:

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, не смета дека трансферот на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус влијаело на шпанскиот шампионат, но вели дека е обеден оти кога Лионел Меси би ја напуштил Барселона, тоа би влијале на првенството.

„Напуштањето на Кристијано, дури и ако се изнервираат во Мадрид, имаше скоро нула влијание, затоа што во Ла Лига со години се подготвувавме за нашиот бренд да ги надмине играчите. Сепак, случајот со Меси е различен, тој е најдобар во историјата на фудбалот. Имаме среќа што секогаш го имавме во нашето првенство. Верувам дека заминувањето на Меси ќе се почувствува. Се разбира, уште повеќе ако тој оди во друг шампионат. Тој е икона на шпанскиот фудбал и Ла Лига. Затоа би го замолил да ја заврши кариерата во нашето првенство. Ова не би било ниту катастрофа, затоа што имаме договори за ТВ права со или без Меси. Сепак, она што е важно е вредноста што тој ни ја дава,“ изјави Тебас за шпанските медиуми.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Роналдо не е е задоволен во Саудиска Арабија-ќе се враќа во Португалија

Предраг Петровиќ

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенецот кој го бакна Роналдо сред терен ќе мора да плати 1000 евра

Предраг Петровиќ