Без „Класа 2022“ во тениската Куќа на славни

Од:

Тениската Куќа на славните во 2022 година нема да прими нови членови, што се случува за прв пат во историјата на оваа институција со седиште во Њупорт,

Причината, како што официјално е соопштено, е тоа што ниту еден од номинираните кандидати не доби минимум 75 отсто од гласовите во изборот во кој традиционално учествуваат претставници на медиумите, тениски историчари, членови на Куќата на славните и експерти од тенискиот свет, како и тениски вљубеници од целиот свет.

Номинирани во „Класата 2022“ беа Србинката Ана Ивановиќ, Италијанката Флавија Пенета, Кара Блек од Зимбабве и Лиза Рејмонд од САД, во женска, како и шпанските тениски легенди Карлос Моја и Хуан Карлос Фереро.

Сите шестмина ќе бидат номинирани и следната година, бидејќи според правилникот на Меѓународната тениска куќа на славните, кандидатите можат да бидат номинирани до најмногу три пати.

Би можело да ве интересира

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ

Седум тенисери се суспендирани поради местење натпревари

Горан Наумовски