Бернд Шустер повеќе не е тренер на Малага

Од:

Германецот Бернд Шустер повеќе нема да биде тренер на шпанската екипа Малага.

-Малага го извести Шустер дека тој од 30 јуни повеќе нема да биде вработен во клубот’’, се вели во соопштението објавено на официјалната веб страна на клубот.

Прославениот поранешен германски репрезентативец, кој своевремено како играч настапуваше и за шпанските гиганти Реал, Барселона и Атлетико, не успеа да ја одведе Малага до место кои носи пласман во европските купови.

Шустер ја презеде Малага на почетокот на минатата сезона, која клубот ја заврши на 11-место на табелата во Примера со негативен „скор“ од 12 победи, 9 нерешени дуели и дури 17 порази.

-Малага сака да му се заблагодари на Шустер и неговиот тренерски тим за големиот труд кој го вложија во тешката сезона’, се дополнува во соопштението од клубот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска