Берлускони го продава Милан на катарски шеик

Од:

Сопствениот на италијанскиот гигант Милан, Силвио Берлускони смета дека е време да му каже збогум на фудбалот и решен е да го продаде клубот.

Како најсериозен кандидат за нов сосопственик на седумкратниот европски првак се споменува шеикот Хамад бин Калиф Ал Тани, пренесува порталот „goal.com“.

Милан се соочува со сериозни финансиски проблеми, поради што во летниот преоден рок беа продадени најдобрите играчи Златан Ибрахимовиќ и Тијаго Силва, а клубот не ги продолжи договорите со ветераните Алесандро Неста, Џенаро Гатузо и Кларенс Седорф.

Милан сезонава бележи слаби резултати, а Берлускони, наводно, не бил сигурен дека тој може да го врати клубот на „старите патеки“, бидејќи сега е оптоварен со други проблеми.

Поранешниот италијански премиер, неодамна, е осуден на 12-месечна затворска казна, поради учество во даночен скандал.

Покрај шеикот Хамад бин Калиф Ал Тани како сериозно заинтересирани за купување на Милан се споменуваат компаниите „Газпром“ и „Фереро“.

Екипата на Милан по девет одиграни кола во Серија А се наоѓа на 11-то место на табелата, со дури 15 бодови помалку од лидерот Јувентус.

Би можело да ве интересира

Роналдо за победата против Болоња: Многу важна победа, Јувентус е на добар пат

Ана Ололовска

Гасперини: Каде и да оди Гомез, му посакувам се најдобро

Ана Ололовска

Манџукиќ официјално стана играч на Милан

Ана Ололовска

Озил во Фенербахче, Манџукиќ во Јувентус

Ана Ололовска

Ибрахимовиќ: Донарума е најдобар голман на светот

Ана Ололовска

Пиоли: Милан секогаш верува во својата сила

Ана Ололовска

Leave a Comment

16 − 6 =