Беретини се запиша во историјата по победата против Тим

Од:

Матео Беретини влезе во историјата на финалниот АТП турнир во Лондон, откако стана првиот Италијанец со победа на завршниот турнир во годината.

Тој го совлада Доминик Тим со 7-6, 6-3 за да го заврши натпреварувањето со еден успех. Натпреварот беше ирелевантен за двајцата, бидејќи Беретини беше елиминиран по 2 порази, додека Австриецот беше прв во групата, откако ги совлада Федерер и Ѓоковиќ, кои ќе го утврдат вториот полуфиналист во директен судир.

– Јас сум навистина горд на себе, но јас сум повеќе среќен за мојот тим, семејството и пријателите. Сезоната беше навистина неверојатна. Не очекував да бидам тука на почетокот на годината, но се надевам дека ќе се вратам следната година, рече Беретини.

Италијанецот пристигна во Лондон како број 8 на АТП рангот, откако направи голем пробив.

Би можело да ве интересира

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ

Седум тенисери се суспендирани поради местење натпревари

Горан Наумовски