Бензема нема ништо против да ја заврши кариерата во Лион

Од:

Напаѓачот на Реал, Карим Бензема истакна дека станал фудбалска ѕвезда благодарение на родниот Лион. Напаѓачот ги бранеше боите на фудбалскиот клуб Лион од 2004 до 2009 година, по што се пресели во Мадрид.

– Станав она што сум денес благодарение на Лион. Сега за сега не размислувам да се вратам, затоа што сакам да продолжам да ја пишувам приказната со Реал Мадрид, најдобриот клуб во светот. Потоа, којзнае. Да ја завршам кариерата во Лион? Зошто не? – изјави Бензема.

Триесет и двегодишниот Бензема во моментов е прв избор во нападот на „кралскиот клуб“, но неговото место може да биде доведено под прашање доколку се остварат најавите за доаѓање на Пол Погба и Aрлинг Холанд во шпанскиот фудбалски мадридскиот гигант.

Би можело да ве интересира

Карим Бензема е најдобриот фудбалер на светот

Бензема: Заминувањето на Роналдо ме исфрли во прв план

Бензема осуден на една година затвор условно за уцена на Валбуена

Ана Ололовска

Бензема: Се надевам дека ќе ја добијам Златната топка

А1он

Побарана десетмесечна казна затвор за Бензема

А1он

Адвокатот на Бензема за интимната снимка: Од мува направивте слон, Валбуена му завидува на мојот клиент

Ана Ололовска