Бензема и Рамос нема да играат против Интер

Од:

Реал Мадрид на официјалната веб-страница го објави составот на тимот за натпреварот од 4. коло во Лигата на шампионите против Интер.

Напаѓачот Карим Бензема и дефанзивецот Серхио Рамос не се вклучени во составот поради повреди, додека дефанзивецот Едер Милитау е позитивен на коронавирус. Изоставен е и напаѓачот Лука Јовиќ, додека повредени се играчот за врска Федерико Валверде и дефанзивецот Алваро Одриосола.

Реал Мадрид со четири бода е трет во Б-групата, Интер со два бода е на последната позиција.

Средбата ќе се игра утре во Милано со почеток во 21 часот.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска