Бекер со остри критики кон младите тенисери

Од:

Легендата на светскиот тенис, Борис Бекер изјави дека помладите играчи во машката турнеја немаат менталитет на победници, за да ја предизвикаат „големата тројка“ во лицето на Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ на Гренд-слем турнирите.

Бекер, кој стана шампион на „Вимблдон“ на 17-годишна возраст и освои шест титули од „големата четворка“ турнири, изјави дека психата е елементот кој ги оддалечува најмногу Надал, Федерер (37) и Ѓоковиќ (32) од помладата генерација.

– Штотуку прочитав статистика дека ниту еден активен играч надвор од „големата тројка“ под 28 години, со исклучок на Тим, не играл во финалето во Гренд-слем турнир. Не е добро, тоа не е комплимент за секој тенисер под 28 години. И не ми кажувајте дека „другите се подобри“. Треба да го ставиме под прашање квалитетот и однесувањето на секој под 28 години, едноставно нема логика ова да се случува, изјави Бекер, аналитичар на Еуроспорт, коментирајќи го претстојниот Вимблдон кој започнува на 1-ви јули.

Останатите, кои стигнаа до финале во турнир од Гренд слем во последните три години беа Хуан Мартин дел Потро, Кевин Андерсон, Марин Чилиќ и Стен Вавринка – сите на 30 години и повеќе.

– Колку и да ги почитувам Роџер, Рафа и Новак, младите играчи треба да додадат гас и да се покажат на големата сцена. На крајот, тие ќе бидат премногу возрасни, но барем ќе ја предадат штафетата на следните кога се на својот врв. Постои менталитет и психа која младите играчи ги немаат, а „големата тројка“ ги имаат . Не станува збор за форхенд или физичка подготовка. Станува збор за психа и односот, што ја прави разликата помеѓу победници и губитници, заврши поранешниот германски тенисер.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ