Бекер ќе отсуствува неколку недели од терените

Од:

Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, нема да игра неколку недели. Тој се здоби со повреда на потколеницата во првиот натпревар од сезоната во Премиер лигата, која тимот од Мерсисајд ја доби со 4-1 против Норвич. Бразилецот мораше да го напушти теренот кон крајот на првото полувреме.

Менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп коментираше колку долго ќе биде отсутен голманот, но не беше особено специфичен.

„Повредата е во мускулот. Не сакам да предвидувам кога ќе се врати, но тој сигурно нема да игра в среда. Потоа, ќе видиме. Ќе потрае најмалку две недели. Читав информации шест недели, но Али не се здобил со многу повреди во неговата кариера, па сакам да почекам малку за да видам како ќе се развива закрепнувањето, но тој нема да биде надвор од теренот следните шест недели“, изјави Клоп.

Во среда, Ливерпул се соочува со Челзи во натпревар за европскиот Суперкуп. Адријан ќе биде носител, кој беше привлечен минатата недела. Шпанецот го направи своето деби на средбата со Норвич.

Повредата на Алисон предизвика клубот да бара друг голман и најверојатно ќе го привлече 35-годишниот Енди Вонерган.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска