Бекам до Ибрахимовиќ: 500 голови – тоа значи дека си многу стар

Од:

Ѕвездата на американската МЛС лига Златан Ибрахимовиќ викендов го постигна 500-от гол во кариерата, а за успехот на адреса на шведскиот фудбалер се уште пристигнуваат честитки.

Ибрахимовиќ голот го постигна на натпреварот на кој неговиот тим Лос Анџелес Галакси загуби со 3:5 од Торонто.

– Драго ми е за Торонто, ќе останат запаметени како моја 500-та жртва, прокоментира во свој стил шведскиот фудбалер.

Меѓу честитките кои ги доби Ибрахимовиќ, најинтересна е онаа од поранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам.

– Златан ти честитам! 500 голови, каква кариера, каков играч, какво постигнување. Уживање беше да се игра со тебе и против тебе, задоволство е да се биде твој пријател. 500 голови – тоа значи дека си многу стар. Честитам уште еднаш пријателе, истакна Бекам.

Ибрахимовиќ пред крајот на минатата сезона си замина од Манчестер Јунајтед и кариерата ја продолжи во Лос Анџелес Галакси.

Би можело да ве интересира

Бекам го брани контроверзниот договор со Катар: Фудбалот може да биде сила за добро во светот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бекам ја бакнува ќерка си во уста, неговите обожаватели шокирани

А1он

Два клуба од МЛС сакаат да го ангажираат Суарез

Ана Ололовска

Ибрахимовиќ ќе го продолжи договорот со Милан до 2023 година

Ана Ололовска

Ибрахимовиќ: Се додека ме бараат, ќе играм

Ана Ололовска

Четириесетгодишниот Ибрахимовиќ стигна до бројката од 400 првенствени голови