Бејл: Секој има падови и подеми

Од:

Велшанецот Герет Бејл беше еден од најзаслужните за победата на Реал Мадрид на синоќешното гостување кај Сосиедад. Бејл, кој полека се враќа во препознатливата форма, изјави дека е нормално да се има падови и подеми во текот на кариерата.

– На секого во фудбалот му се случува тоа. Не може секогаш да се игра во врвна форма. Падовите и кризите се нормална работа и ги има кај секој фудбалер. Најважно е да се надминат што побрзо. Јас ќе продолжам да работам напорно. Тоа е се што можам да направам. Секогаш е важно да се вратиме, изјави Бејл.

Велшкиот фудбалер во 61. минута го постигна вториот гол за Реал во победата (3:1) над Сосиедад.

Пофалба за играта на Бејл стигна и од тренерот Зинедин Зидан.

– Среќен сум за него, тој покажа дека е добар играч. Потребна е трпеливост и убеден сум дека ќа ја достигне врвната форма, нагласи Зидан.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска