Бејл може да одигра клучна улога во трансферот на Погба во Реал

Од:

Напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл може да одигра клучна улога во привлекувањето на играчот за врска на Манчестер Јунајтед Пол Погба на „Сантијаго Бербабеу“. Според информации на „АС“, Велшанецот може да биде искористен како адут, за да може светскиот шампион со Франција да го облече дресот на „белите“.

Бејл е стара трансфер цел за „црвените ѓаволи“ кои се обидуваат да го привлечат од летото 2017 година. Во меѓувреме, ситуацијата во англиската Премиер лига е добро позната за репрезентативецот на „змејовите“, кој пред да премине во „кралскиот“ клуб во 2013 година беше дел од Тотенхем.

Во Шпанија нè потсетуваат дека Зизу инсистирал Погба да бидепривлечен во летото 2016 година. Тогаш до договор не дојде поради влошените односи меѓу претседателот на кралскиот клуб Флорентино Перез и агентот на играчот – Мино Раиола. Јувентус и Јунајтед на крајот се согласија и халфот се пресели во англискиот гигант.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска