Целото планирано производство на моделот „Бе-Ем-Ве М4 ГТС“ веќе на големо е распродадено, па бавасрката компанија сега нуди нова везија на М4 што ја носи ознаката ЦС.
Во иднина ЦС ќе се користи за најмоќните верзии на М моделите на Бе-Ем-Ве, кои ќе бидат со опцискиот пакет „Компетишн“.
Со ознаката ЦС во случајот со моделот М4 стигнуваат дополнителни 10 коњски сили и 37 њутн метри вртлив момент, па трилитарскиот шестцилиндерски битурбо мотор сега располага со 460 коњски силии 600 њутн метри најголем вртлив момент. Тоа е доволно „Бе-Ем-Ве М4 ЦС“ од 0 до 100 километри на час да стигне за 3,9 секунди и да развие до 280 кимлометри на час.
Преносот на моќноста на задната осовина се врши само преку рекалибрираниот седумстепен автоматски менувач со две квачила (М-ДЦТ), a на разочарување за традиционалистите е што „М4 ЦС“ ниту опциски не се нуди со рачен менувач.
Покрај зголемената миќност, М4 ЦС е подложен и на соодветна каросериска „карбонска диета”, што резултираше со „губење“ на 32 килограми во однос на стандардниот модел М4.
Рекалибрирана е и каросеријата, дополнително е оптимизирана аеродинамиката, а тука се и новите ултра лесни алуминиумски бандажи на кои има гуми „Мишелин Пајлот Спорт Кап 2“ со димензии 265/35 Р 19 напред и 285/30 Р 20 назад.
„М4 ЦС“ кругот на патеката „Нирбургринг“ го „затвори” за 7 минути и 38 секунди, што е за 10 секунди побавно од резултатот кој го направи „М4 ГТС“, но истовремено е 14 секунди побрзо од времето кое го оствари стандардниот М4. Цената на моделот во Германија е 116.900 евра.