Повеќе нема никакви дилеми – Бе-Ем-Ве дефинитивно најави дека во 2019 година ќе почне со производство на нова генерација од „Серијата 8“, чиј најмоќен претставник ќе ја носи ознаката М8.
Легендарната „Серија 8“ на Бе-Ем-Ве своевремено се нудеше само во Купе верзија, а баварската компанија својот атрактивен спортски четворосед, кој во најмоќното издание од 850 коњски сили го покренуваше 5,6-литарски В12 мотор, го произведуваше од 1989 до 1999 година.
Во однос на тогашниот „страшен” М8, кој заврши како прототип и никогаш не влезе во производство, Бе-Ем-Ве сега на купувачите новата „Серија 8“ ќе им ја понуди и во производна верзија со истата ознаката, достапна во три каросериски форми: Купе, ГранКупе и Кабриолет.
„М8 Купе“ ќе почне да се произведува во 2019 година, а перформансите кои ќе ги развива ќе бидат повеќе од доволни за влез во групата на супер спортските ГТ автомобили.
Според информациите, автомобилот треба да поседува 4,4-литарски битурбо В8 мотор кој ќе располага со над 600 коњски сили и околу 700 њутн метри најголем вртлив момент.
Преносот на силата на подлогата треба да се врши преку 8-степен автоматски менувач ЗФ, бидејќи во Бе-Ем-Ве сметаат дека нивниот ДЦТ менувач со две квачила кој го нудат со актуелните М модели, не е оптимално решение за пренос на моќноста на двете осовини, што ќе се понуди со моделот М8.