Барти го освои вториот Грен слем турнир во кариерата

Од:

Првиот светски рекет Ешли Барти попладнево во финалето на „Вимблдон“ ја победи Каролина Плишкова од Чешка со 6:3, 6:7, 6:3.

За 25-годишната Австралијка ова е втора Грен слем и 12-та титула. Таа првиот Грен слем трофеј го освои на Ролан Гарос во 2019.

– Ми се исполни сонот да го освојам Вимблдон. Се чувствувам неверојатно. Не ни можев да замислам дека ќе бидам волку среќна, изјави Барти.

Таа стана 10-та тенисерка во историјата на Опен ера што освоила две Грен слем титули. Барти исто така стана првата шампионка на Вимблдон од Австралија по Ивон Гулагонг која победи во 1980 година.

Од понеделник, Плишкова ќе се искачи на седмата позиција на ВТА ранг линија на рејтингот, додека Барти ќе се зацврсти на лидерското место зголемувајќи ја предноста пред Наоми Осака со повеќе од 2000 поени разлика.

Би можело да ве интересира

Алкараз се надева на победа-има психолог кој му помага да се соочи со Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ е во финалето на Вимблдон

Жабер втора година по ред стигна до финалето на Вимблдон

Дали чувствуваш вина зошто си од Русија-Англичаните навиваа за Русинот против Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ се пласира во четвртфиналето на Вимблдон

Лани играше финале на Вимблдон, сега се повлече од турнирот

Катерина Ѓуровски