Барселона сокрила дека има пет играчи кои се позитивни на коронавирус

Од:

Петмина играчи на Барселона и двајца тренери имале коронавирусот, но клубот не ја објави оваа информација, според весникот „АС“.

Сите играчи и тренери на шпанскиот гигант се тестираа за вирусот на почетокот на пандемијата и седум од нив се тестираа позитивно.

Кај сите нив болеста била асимптоматска, а во повторените тестови – пред да се вратат на тренинг, немаше повеќе заразени.

Во оваа фаза, не е јасно кои биле заразените, доколку овие информации воопшто се вистинити.

Барселона треба да се врати во Ла Лига на 13 јуни, кога се соочуваат со Мајорка.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ