Барселона со пресврт до триумф над Интер

Од:

Барселона го совлада Интер во дербито на вечерта во 2.коло од Лигата на шампионите и направи значаен исчекор кон пласман во следната фаза. Каталонците до трите бода дојдоа со пресврт во второто полувреме со головите на Луис Суарез. Интер по првиот дел водеше, но не издржа и на крајот со празни раце се враќа во Милано.

Победа синоќа забележа и европскиот шампион Ливерпул кој во ефикасен дуел со седум погодоци беше поуспешен од аутсајдерот Салцбург.

Резултати:
Група Е: Ливерпул – Салцбург 4:3, Генк – Наполи 0:0.
Табела: Наполи 4 бода, Салцбург и Ливерпул по 3, Генк 1.

Група Ф: Барселона – Интер 2:1, Славија Прага – Борусија Дортмунд 0:2.
Табела: Борусија Дортмунд и Барселона по 4, Интер и Славија Прага по 1.

Група Г: Лајпциг – Лион 0:2, Зенит – Бенфика 3:1.
Табела: Зенит и Лион по 4, Лајпциг 3, Бенфика 0.

Група Х: Лил – Челси 1:2, Валенсија – Ајакс 0:3.
Табела: Ајакс 6, Челзи и Валенсија по 3, Лил 0.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска