Барселона сака да прекине негативна традиција долга 16 години

Од:

Фудбалерите на Барселона денеска ги очекува гостување кај тимот на Кадиз против кој немаат четири победи во низа. Тие дефинитивно сакаат да ја прекинат оваа негативна традиција. Последен пат каталонскиот клуб славел против Кадиз пред 16 години.

Откако Кадиз се врати во елитата пред две години, по 14 сезони во втората лига, Барса нема победа на четири меча против тимот од Андалузија. Со Роналд Куман на клупата Кадиз славеше како домаќин со резултат 2:1, а потоа на „Камп Ноу“ беше нерешено, 1:1.

Куман не успеа да го победи Кадиз ниту минатиот септември (0:0), а потоа со Чави на клупата Барселона загуби (0:1) на „Камп Ноу“ во април.
Пред овие четири натпревари, Барса се сретна со Кадиз во сезоната 2005/06, а последниот триумф го донесе Роналдињо во април 2006 година, кога беше 1:0. За Барса тогаш играа и Деко, Ето, Жили, Иниеста, Ларсон, Пујол, Ван Бомел…

Оваа сезона, Барселона е многу моќна, а Кадиз нема освоено ниту еден бод и на четири натпревари немаат постигнато ниту еден гол, со гол – разлика 0:10.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Авион со патници во Барселона е опколен поради радиоактивен куфер

Фудбалскиот клуб Барселона под истрага за „активен поткуп“ на судии

Поништена регистрацијата на Гави, тој може да замине како слободен играч!

Горан Наумовски

Барса со невозможен камбек стигна до победа кај Целје!

За Барса нема ништо спорно во исплатата на шефот на судиите

Кеси дојде бесплатно во Барса, ќе ја напушти за 13 милиони евра