Барселона позајми половина милијарда евра, 100 милиони ќе потроши само за плати

Од:

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона, кој има огромен долг, обезбеди 500 милиони евра кредит од американската инвестициска банка „Голдман Сакс“ (Goldman Sachs), од кои 100 милиони евра ќе бидат префрлени веднаш со цел каталонскиот клуб да може да ги намири заостанатите плати за фудбалерите, јавија денеска италијанските медиуми.

Иако Барселона со играчите склучи договор што и овозможува да ја пролонгира исплатата на платите, финансиската состојба во која се наоѓа Барселона е толку тешка што доцнењето значително би надминало разумен рок за намирување на обврските, а фудбалерите беа подготвени случајот да го изнесат пред Здружението на шпански фудбалери. Поради тоа, претседателот на клубот Жоан Лапорта мораше итно да пронајде решение, кое го најде кај американската банка.

Медиумите тврдат дека долгот на Барселона пораснал на огромни 1,2 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ